(ВИДЕО) Филипче: Владата нема мерки за покачување на платите

Од:

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ изминатиов период со погрешни економски политики донесе огромна социјална несигурност и наместо да се бори државата да остане на патот на економскиот раст и да има раст на платите, води погрешни и неуспешни економски политики, порача денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието.

Филипче нагласи дека и Светска Банка во последниот полугодишен извештај нотираше дека оваа година ќе заврши со економски раст од само 1,8 проценти што е значително под очекуваните 2,5 проценти, додека проекцијата за следните две години е дека државата ќе има најниска стапка на раст во регионот.

„Денес, просечната плата е намалена за 1.000 денари, мерките за намалување на цените не ги дадоа посакуваните резултати, а трошоците за живот постојано растат. Владата не презема конкретни мерки за покачување на платите, и со тоа ги става работниците и нивните семејства во многу тешка економска и социјална положба. Ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува. Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена“, рече Филипче.

При тоа, тој потенцираше дека сериозен проблем за македонската економија е повратот на ДДВ, односно дека долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, што не се има случено во последните седум години.

„ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, спремни сме да ги искористиме сите демократски методи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Катерина Ѓуровски

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Филипче: Оваа Влада не сака во ЕУ, реформската агенда е индикатор дека не се работи