Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц.

На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.

Филипче изрази благодарност за ангажманот на известувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.

Филипче нагласи дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби