Филипче: Треба да развиеме автентичен модел на родова еднаквост

Од:

На вечерашната трибина Агенда 20-24 министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во изминатите 2,5 години е постигнато многу во еден транспарентен процес заедно со граѓански здруженија.

“Политиките ги креиравме согласно нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат. Така ја донесовме промената на Законот за абортус.

Навистина имавме помош од граѓанското здружение Хера и сакавме да направиме еден модерен закон”, истакна Филипче.

Според него прашањето на родова еднаквост е прашање на културолошки карактеристики на едно општество и токму затоа тој додаде дека треба треба да развиеме наш автентичен модел.

Филипче се осврна и на мерките кои Министерството за здравство ги донело за унапредување на здравјето на жените, но и на мажите.

“Денеска нема ниту една жена која боледува од карцином на дојка која чека терапија”, рече Филипче и додаде дека е вложено многу и во лекувањето на ракот на простата кај мажите и на белите дробови од што повеќе боледуваат мажите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО