Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина.

„Камен-темелникот на воведувањето во работа на градскиот пазар тука во Струмица за прв пат со таков капацитет со над 40 илјади квадрати којшто има вредност од над 230 милиони денари во ваков еден крај во којшто земјоделството е главна дејност, граѓаните ќе го осетат како благодат. Ова не е единствен проект, градоначалникот спомна уште неколку проекти коишто или се одвиваат или допрва ќе треба да почнат во општината. Заедничко за сите тие проекти е што сериозно го зголемуваат квалитетот во општина Струмица. Тоа е доказ дека градоначалниците на СДСМ работат одговорно во интерес на граѓаните, работат рационално и навистина брзо ги остваруваат сите проекти што се ветени во нивните програми“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме