Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Од:

Денес од Гевгелија сакам да порачам дека состојбата на теренот и поддршката која ја добиваме од граѓаните е одлична. На терен се потврдуваат сомнежите за местените на анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не е ни чудо што никаде ги нема, а регионални штабови отвораат една недела по почнување на кампањата. Од ден во ден, од посета во посета, гледам сè поголем ентузијазам кај нашите членови, но и кај сите граѓани кои пристапуваат, разговараат. Состојбата се менува и ВМРО-ДПМНЕ го очекува шокантен резултат, прво на 24-ти април, а потоа на 8-ми мај, изјави за медиуми, Д-р Венко Филипче, носител на ИЕ 4.

– Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува. Постојаните напади и негативна кампања врз мене, без ниедна друга понуда за граѓаните, покажува дека кај нив владее страв. Веќе десет дена од него не слушнавме ниеден конкретен проект, никаква конкретна понуда. За разлика од нив, ние веќе ги презентиравме клучните проекти и секојдневно сме на терен меѓу луѓето.

Имам информации дека тајниот оперативниот штаб за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ спрема црна кампања против мене. Информациите се дека подготвуваат и фабрикувани кривични пријави со цел да ме замолчат или заплашат. Им порачувам дека таквите стратегии само ќе ги влечат повеќе кон дното. Притисоците воопшто не ме плашат, а не треба да се грижат ни граѓаните. Тајните оперативни планови со кои ја фабрикуваат реалноста не поминуваат. Граѓаните одамна го изгубија стравот од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат пак да бидат изманипулирани.

Јас, од друга страна, имам зад себе и дела, а и конкретен план за во иднина. Тука сум да им ги презентирам нашите планови на граѓаните, да се сретнам со што поголем број на луѓе и да понудам помош и поддршка секаде каде што можам. Во изминатиот период се сретнав со илјадници луѓе и ова ќе продолжам да го правам во кампањата која следи. СДСМ нема од што да се срами, зад себе има реализирано успешни проекти и поважно, има искрени намери за иднината. Со исправени глави можеме да ја бараме поддршката од луѓето и тоа ќе го правиме – рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира