Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација

Од:

На граѓанската трибината „ Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, претседателот на СДСМ Венко Филипче, исткана дека слоганот и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност го покажуваат нивното вистинско лице и намери – целосна партизација на државата.

„Јас се чудам и на нивниот слоган „Твој човек“. Но кога ќе размислам, ова е најискрената кампања што ја имале досега. Тоа е кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде „твојот човек“ кој ќе ти заврши работа. Кампања и ветување за уништување на општеството преку партизација,“ изјави Филипче.

Тој предупреди дека ова е суштината на политиката на ВМРО-ДПМНЕ – систем во кој институциите работат само за партиски послушници, а граѓаните се третираат како заложници на нивната моќ.

„Ова што го гледаме дека го прават една година, си го ставиле во слоган. Чиста работа – тоа се „реформите“ на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е нивната понуда за граѓаните: дајте гласајте за нас, оти без нас не сте никој и ништо. Ете тоа, во превод, е слоганот“, рече Филипче.

На трибината, Филипче ја нагласи суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Многу луѓе велат дека сме биле исти сите партии. Но има суштинска разлика меѓу нас и нив. А тоа е дека, со сите маани што несомнено ги имаме, ние сме искрени во она што го работиме. Искрено се бориме за стандардот, не пласираме лажни ПР-кошнички додека цените дивеат. Ние искрено се боревме со секоја криза, не лажевме дека воздухот не е загаден. Не лажевме дека нема криза во економијата, туку делувавме со мерки. Не измислувавме „хибридни напади“ кога ни гореа пожари, туку ефективно делувавме“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено