Филипче: Славите да се прослават само со најблиските и да нема групирања по домовите

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19.

Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и поради тоа е потребна наша максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски.

-Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, напиша Филипче на ФБ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски