Филипче се сретна со претставници на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија.

Повод за средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, е давање на јавно овластување на Комората за водење на единствен регистар на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија, како почетен чекор на понатамошната соработка и партнерство меѓу Министерството и Комората.

На средбата присуствувале претседателката на Комората Виолета Котевска, генералниот секретар Сефедин Алију, претседателот на Одборот на забни техничари Никола Никола Николовски и претседателот на Здружението на медицински лаборанти – Клинички центар, Ивица Апостолов,

– Денешната средба претставува прв чекор и давање на ингеренции за понатамошна соработка со Комората и понатамошно партнерство во креирањето на здравствената политика според европските директиви, истакнал министерот Филипче.

Претставниците на Комората го поканиле министерот Филипче да присуствува на „LabQuality 19“, настан кој претставува стручно едукативен собир за зголемување на вештините на здравствените работници и квалитет во лабораториската медицина, што ќе се одржи на 15 април во Скопје.

„LabQuality 19“ е поддржан од Министерство за здравство и Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование и е во согласност со препораките на Министерството за континуирана медицинска едукација на здравствени работници во Република Северна Македонија. Целта на настанот е да се илустрира значењето на рационалната лабораториска дијагностика, квалитетот на лабораториската медицина, како и на концептот и начинот на соработка на владиниот сектор и здруженијата на граѓани, со цел подобрување на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи