Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

Од:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека денешната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги остава сами со проблемите и ветувањата што не им ги исполнуваат, нагласувајќи дека социјалдемократите никој не оставија сам да се справува со најтешките светски кризи и дека граѓаните секогаш им биле приоритет.

„Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет. Тогаш не сме барале изговори – туку сме преземале одговорност. Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување”, истакна Филипче.

Тој потсети дека СДСМ воведе нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваа повеќе и навремено, за разлика од сегашната власт која ги остава нивните производи да скапуваат по нивите.

„Донесовме план и стратегија како да го заштитиме домашното производство и да ги поддржиме нашите земјоделци. Воведовме нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваат повеќе. Обезбедивме 3,7 милијарди денари финансиска поддршка во земјоделството само за една година, а за руралниот развој — уште 1,3 милијарди денари. Ја зголемивме субвенцијата за зелена нафта двојно — од 50 на 100 проценти. Обезбедивме авансна исплата од 30% на директните плаќања, за земјоделците парите да ги добиваат навреме”, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека вложувањето во младите земјоделци било еден од најуспешните проекти на СДСМ, со јасна визија да останат дома и да придонесуваат во земјоделскиот сектор.

„Вложувавме и во младите земјоделци — таму каде што сега другите гледаат проблем, ние гледавме и гледаме иднина. Во само две години поддржавме 531 млад земјоделец со над 377 милиони денари. Ние ја двојно зголемивме поддршката — од 10 на 20 илјади евра по млад земјоделец, за тие млади луѓе да останат овде, во Македонија, и да ја градат својата иднина на сопствената земја”, потенцираше д-р Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”, туку секогаш стои зад своите политики и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски