Филипче: СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат

Од:

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кочани и Струмица истакна дека СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат, бидејќи секоја идеја е важна. Како иден претседател на СДСМ, Филипче истакна дека ќе се залага на систем на размена на идеја на мислења на комуникација, и тоа ќе биде начин на работа на новото раководство на СДСМ.

„Најважно од се е другарството, најважна од се е релацијата, отвореноста, достапноста. Не може некој да не се јавува или да не комуницира поради тоа што во моментот извршува некаква функција. Ако јас бидам претседател секогаш ќе ви бидам достапен. Јас така знам да функционирам. Таков сум бил како доктор, така сум бил како министер и така мислам тоа е една од работите зошто се нафаќам да се кандидирам на оваа функција. Затоа што сметам дека тој систем може да се имплементира и тука во партијата“-истакна Филипче.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче потенцираше дека тој не верува во наметнати политики, кои ќе ги смислува раководството во Скопје, бидејќи тоа создава револт кај членството.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник