Филипче: СДСМ ќе продолжи во борбата за фер плати, сигурни работни места и почитување на трудот

Од:

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите работници, истакнувајќи дека СДСМ секогаш бил и останува на страната на работниците.

– 1 Мај е ден кога го славиме трудот и достоинството на секој човек што создава, гради, образува, лекува, се жртвува за своето семејство и за нашата земја. Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците и нивните права,“ изјави Филипче.

Тој потсети дека СДСМ, и во време на власт и денес, останува доследен на вредностите на социјалната правда.

„СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба,“ истакна тој.

Филипче потенцира дека СДСМ ќе продолжи во борбата за фер плати, сигурни работни места и почитување на трудот.

„Кога сме заедно, кога сме гласни и истрајни — можеме да направиме промени. Овој ден нека не ни биде само празник. Нека биде потсетник дека секој што работи заслужува достоинствена плата, време за семејството и глас што се слуша. Честит 1 Мај!,“ порача претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата