Филипче: СДСМ е прва во опозицискиот блок, јасно е какви промени треба да се направат во партијата

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест.

„Им честитам на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг на локалните избори. Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички места во првиот изборен круг, СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци, досега тоа се вкупно шест градоначалници. Очекуваме конечни резултати од уште неколку општини каде разликата е многу мал број на гласови. Им честитам на сите избрани градоначалници од сите политички партии.“ рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче укажа дека во изминатите две недели од вториот круг од локалните избори, се вршеше огромен притисок во сите општини каде што СДСМ имаше кандидати.

„Во изминатите две недели, во очи вториот круг на изборите, се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во сите 17 општини каде што влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства, ниту методи, и тоа само говори дека се соочуваме повторно со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, која што практично ги злоупотребува сите институции што им се под контрола“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче кажа дека ќе прави кадровски промени во партијата, а според него ВМРО-ДПМНЕ повеќе никогаш нема да имале ваков резултат.

Би можело да ве интересира

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249