Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност, ги повикувам повторно сите заедно на средба

Од:

Јас повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање поврзано со обвинувањата од албанскиот блок на политички партии дека вчерашната средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски е план за моноетничка соработка.

„Јас на тој состанок го претставував СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Притоа, премиерот Мицкоски беше првиот којшто без забелешка и единствен кој ја прифати поканата за средба“, истакна денеска Филипче од Струмица.

Тој уште еднаш упати јавен повик до сите политички партии за организирање на лидерска средба.

„Апсолутно сметам дека треба да продолжиме во следниот период во насока на организација на средба на лидерите на сите поголеми политички партии. Ова нека биде уште еден мој повик до сите партии бидејќи јас тука не гледам никаква потреба да се делиме на македонски или албански блок кога станува збор за интересите на државата“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека никој нема право да го обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за етнички или националистички политики или пристап имајќи предвид дека во извршниот одбор на СДСМ има Албанец, Македонка муслиманка, а во следниот период ќе има и Ромка.

Претседателот на СДСМ повтори дека вчерашната средба со премиерот била конструктивна и на неа било договорено формирање на заеднички тела или групи кои ќе работат на подготовката на законите од реформската агенда, со фокус на правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, а кои треба да стигнат во Собранието.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос

А1он