Филипче пред заминување: Најмногу жалам што не успеавме да го почнеме новиот клинички центар

Од:

Министерот за здравство во оставка Венко Филипче, кој е на функцијата од декември 2017 година, најмногу жали што изминатиов период не успеал да ја почне изградбата на новиот клинички центар. Ваква изјава даде пред оставката на Владата на Зоран Заев, најавена за денес по обраќањето на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.

„Најмногу жалам што не успеавме да го почнеме проектот за новиот клинички центар. Јас сум убеден дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисоко ниво на здравствена заштита и покрај сите овие реновирања што ги правиме за да се модернизираат условите во кои работиме сепак новата модерна медицина, интегрираниот тип на здравствена услуга бара и поинаква инфраструктура. Има нова апаратура која не може да се внесе во малите операциони сали кои ги имаме сега, тоа бара еден нов концепт. Апелирам до опозицијата во периодот кој што доаѓа да го одблокира законот. Тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница“, рече министерот Филипче.

Освен што жали за нереализираниот нов клиничкиот центар, Филипче рече дека е горд на досегашната тимска работа, на укинатиот паралелен увоз на лекови, на тоа што ниту еден пациент со ретка болест не е оставен без лек, на тоа што платите на здравствените работници се речиси дуплирани во однос на 2017 година како и на тоа што имал добра соработка со сите во најтешкиот период во историјата на државата во пандемијата.

„Со реорганизација успеавме да обезбедиме болнички третман за сите кои имаа потреба“, рече Филипче.

Тој најави дека од следната недела Неврологија и Кожна клинка се враќаат на вообичаената работа, а ковид – пациентите, чиј број е значително намален, ќе бидат згрижени на Инфективната клиника.

Обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски е закажано денес напладне, а веднаш по неговото обраќање Зоран Заев најави оставка од функцијата премиер, во оставка ќе биде и целата негова Влада.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски