Филипче: Потребен е консензус за реформите во правосудството, да не се случи нова партизација

Од:

„Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта“ пишува на Фејсбук лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него, „СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чувствителен сегмент“.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери“ вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Филипче: Недостигаат милијарда евра за исплата на пензии

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците