Филипче: Постепно се враќаат во функција дел од ЈЗУ и клиниките

Од:

Зголемениот број на дијагностицирани и хоспитализирани пациенти со коронавирусот го одложи започнатото враќање во нормала на работата на јавните здравствени установи, но се одложуваат само хроничните интевренции. Ниту една интевренција која што може да го загрози здравјето или да ја комплицира здравствената состојба не се одложува, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Точно е дека ние почнавме со подготовки за враќање во нормала на работата на јавните здравствени установи,но тогаш почнаа поголемиот број пациенти прво да се дијагностицираат и потоа да се хопспитализираат во болници, што беше причина тој почеток да го одложиме. Во интензивна и секојдневнма комуникација со директорите на сите болници каде што се примаат пациенти со Ковид, директорите укауваат на тоа дека се одложуваат само хроничните интевренции. Значи ниту една интевренција која што може да го загрози здравјето или да ја комплицира здравствената состојба не се одложува, а после консултација и одлука на стручниот колегиум на клиниата или на болницата, рече Филипче на новинарско прашање до кога ќе се одложуваат закажаните интервенции кај пациенти поради ковид кризата.

Тој додаде дека се уште се прават списоци за ротации, но со оглед на тоа што не се прават ротации во сите оидделенија, и дека.експертизата е пред се потребна од аспекти од интерната медицина и пулмологијата. денеска се донесе одлука да се вратат целите тимови на работа, таму каде што може, да се нормализира работата постепено во следниот период,

– Сега не можам да кажам точно од кој ден, затоа што се уште интензивно ја пратиме ситуацијата со бројката на новодијагностицирани и хоспитализирани пацинети, сериозна бројка на лекари и сестстри е потребна во овие болници каде се овие пацинети хоспитализирани, но има одделенија кои може постепено да ја нормализираат работата. Некои веќе почнаа, за другите сега е донесена одлука и со таа координација и тие кои можат да го вратат хроничниот програм да го вратат постепено, а тие кои не можат и им е потребно сеуште да работат во ротација тимови со цел да се штедат и да не се изложуваат сите вработени на ризик ќе продолжат тоа да го прават. Значи, веќе почнува постепено, не за сите ЈЗУ и не за сите клиники, туку таму каде што може, постепено да ги враќаат во функција согласно претходно направените списоци за приоритет, на пациенти чии што интервенции беа одложени, појасни Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

На илјадници болници ширум светот им се заканува затворање поради екстремните временски услови

Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ