Филипче: Ова не е лош резултат, имаме зголемување на гласовите во некои општини

Од:

Лидерот на СДСМ,Венко Филипче им честита на сите градоначалници кои победиле во првиот круг, и кажа дека СДСМ победил во три општини: Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.

„ Водиме во уште девет општини и ќе има втор круг. Апелирам граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот круг. Овој резултат мислам дека не е тој што го посакуваме, но имајќи ги предвид околноститите не е лош резултат, имаме зголемување на гласовите во некои општини и на што интензивно ќе работиме во следниот период.

Во однос на општини во кои победивме и општините во кои влегуваме во втор круг, така да трае изборниот процес, ќе разговараме за скопските општини, има еден дел од општини каде има зголемување на бројот на гласовите, на пример 20 % во Охрид, многу повеќе гласови од лани.
Планирам и понатаму да работам на консолидација на партијата, има огромен број на луѓе до кои допираат нашите пораки и ова е еден нов почеток“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини