Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

Од:

„Од авион се гледа дека власта свесно го кочи реформскиот процес во судството“, рече вечерва пред тетовчани на граѓанска трибина, претседателот на СДСМ – Венко Филипче. Зборувајќи за судството напомена дека власта е нервозна затоа што е свесна за неуспехот од не поднесувањето на ниту еден закон во собранието.

„Оваа власт е свесна за своите неуспеси, и затоа сите се многу нервозни. Од што нема со што да се пофалат, единствено нешто им остануваат се само спиновите. Го слушам Мицкоски на митинзите зборува за некаков „ресет на системот“, а всушност тој е тој што само бара изговори да не ја спроведе вистинска реформата во судството. Од авион се гледа дека оваа влада свесно го кочи реформскиот процес. Единствената цел на премиерот е да поставува свои судии и обвинители затоа ниту еден реформски закон не е поднесен во собранието“, рече Филипче.

Филипче ги повика граѓаните во Тетово да не молчат пред неправдата туку да ја земат иднината во своите раце.

На 19 октомври да излезат и да направат промени, да се изборат за држава која не е ничија сопственост туку заеднички дом со правила кои важат за сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време