Филипче: Можно е пак да се воведат мерки на границите

Од:

Зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во соседните земји може да доведе до преземање одредени мерки за влез во нашата држава, ако се утврди дека постои ризик за нашиот здравствен систем.

– Разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести за зголемениот број на заразени од соседството. Чекаме уште некои информации од Центрите за јавно здравје во градовите од соседството. Апсолутно е можно да препорачаме мерки доколку утврдиме дека ризикот од влез на овие граѓани може да го загрози нашиот здравствен систем, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали се планира воведување на некаква контрола на границите за влез во нашата држава.

Тој истакна дека за време на викендот немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но дека чекаат информации од повеќе центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија. Врз основа на добиените податоци, следните два дена ќе се одлучува дали ќе се преземат мреки на границите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите