Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Од:

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кисела вода и Штип истакна дека СДСМ мора да учи од грешките, а идниот претседател е должен тие никогаш да не се повторат.

„Историјата е нашиот најголем учител, но само ако избереме да учиме од неа. Иднината на СДСМ ќе остане заложник на минатото ако не направиме суштински промени. Ако бидам избран за претседател, моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат“ – истакна Филипче.

Тој рече дека како претседател ќе води со пример и ќе се заложи за обединување на партијата преку взаемно почитување и давање глас на членовите.

„Новото раководство на СДСМ ќе делува суштински различно од сите претходни. Ќе водиме со пример, со многу чувство и емпатија за да осигураме дека секој член се чувствува ценет и слушнат. Сила на обединување ќе бидат другарството, еднаквоста и взаемното почитување. Само така од СДСМ ќе направиме вистинско семејство“ – рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“