Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Од:

Специјализантите остануваат во фокус на СДСМ и во следниот мандат што ќе го добиеме бидејќи граѓаните ја препознаваат нашата посветеност за системско решавање на клучните прашања за здравствениот систем. Наша цел ќе биде зајакнување на главниот столб на кој се темели иднината на македонското здравство, а тоа е задржување на младите лекари и специјалисти во земјава. Тоа ќе го постигнеме преку зголемување на платите за специјализантите и преку создавање на повеќе специјалисти што ќе останат во македонското здравство, изјави Венко Филипче од СДСМ.

– Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари. Исто така, нашата цел е да создадеме 1.000 нови специјализанти за четири години. Покрај тоа, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација и ја укинуваме партиципацијата за студирање. СДСМ и во минатото докажа дека работи на приближување на системот на здравствена заштита во земјава до здравството во земјите членки на ЕУ.

За потсетување, во изминатиот период, одобривме рекордни 931 специјализација и 130 супспецијализации. СДСМ ќе продолжи да вложува и во другиот медицински кадар. Планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти ќе имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари. Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Во изминатите години рекордно ги зголемивме платите во здравството. Основната плата на специјалистите ја зголемивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20% и 23%, а на здравствените соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници и за првпат обезбедивме исплата на плати за приватните специјализанти во висина од просечната плата на општ лекар – рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, неколку фирми блиски до него се богатеа

Лефков: Малиот Зоки, Филиче, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите

Лефков: Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и

СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче

Лефков: Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ