Филипче ја поднесе кандидатурата: СДСМ е клекната на колена

Од:

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

-Сметам дека е убав ден за демократијата имајќи предвид дека сме единствена партија во која членовите непосредно го бираат претседателот. Секој член има право да гласа, не е делегатски систем. Овој ден означува симболично почеток на реформа и на промена во партијата, изјави Филипче по поднесување на кандидатурата.

Рече дека со кандидатурата ќе поднесе и програма во која се напишани основните постулати на кои што ќе работи доколку биде избран за претседател, а тоа, како што вели, ќе биде посветено, професионално, со целата негова енергија и знаење.

-Програмата се темели на информации, сугестии, барања, коишто ги слушнав од огромниот број на наши членови со кои што имав чести средби изминатите два три месеци. Тие јасно укажаа што е тоа што сакаат да се промени во партијата, и токму тоа е ставено во таа програма. Партијата ќе работи целосно посветено и многу попрофесионално. Во оваа трка влегувам сам. Сметам дека секој којшто ќе биде избран за претседател треба тимот да го направи после изборот за претседател. Немам никакви преговори со никого. Слушнав за повикот да се потпишат некакви изјави. Јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања, и кој и да биде избран за претседател тимот да го прави понатаму, без разлика дали некој учествувал во изборната трка за претседател или не, вели Филипче.

Истакна оти смета дека треба да има фер плеј и предложи на една заедничка средба со сите останати кандидати кои ќе се пријават завршно со утрешниот ден кога истекува рокот да ги договорат правилата на игра, за на крајот на оваа претседателска трка кој и да победи да излезат заедно посилни, пообединети, подобри.

-Порака до гласачите членови на СДСМ. Доколку бидам избран за претседател ќе работам навистина посветено, така како што јас знам. Сакам да упатам порака дека резултатите ќе ги видат многу рано, такви позитивни промени какви и што бараат самите членови и дека ниту еден член никогаш повеќе во партијата нема да остане по страна, несослушан. Ќе бидам достапен во секој еден момент на денот, вели тој.

Филипче нагласи дека дополнителните промени коишто ги предлага во програмата за демократизација на изборите и во општинските организации, исто како што е на централно ниво, ќе придонесат за овој процес.

На прашањето дали очекува поддршка, вели дека огромен дел на членови му дале поддршка откако ја најавил кандидатурата.

-Очекувам, поради тоа што сум отворен, транспарентен и едноставно кажувам за каков тип на работа сум подготвен, каков тип на одговорност сум свесен дека преземам и колку сметам дека пожртвувано може да работам за доброто на партијата. Сметам дека овие изборни резултати партијата на некој начин ја клекнаа на колена. Некој го поставува прашањето дали СДСМ воопшто ќе опстои. А една од главните причини зошто се кандидирам поради тоа што цврсто верувам не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија. И ги повикувам сите коишто имаат ентузијазам да работат во оваа насока да ми се приклучат и да дадат поддршка, истакна Филипче.

На прашањето дали има поддршка од поранешното раководство, вели дека слушнал многу коментари во врска со поддршката на Зоран Заев.

-Доколку бидам избран за претседател, јас за многу кратко време ќе докажам дека ќе владеам целосно со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред се говори за мене. Јас имам одлични релации и со останатите други претседатели претходни на партијата, со други претходни функционери, и сметам дека тие добри релации се всушност еден од главните предуслови обединувањето да се случи многу брзо, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ќе водам со пример и ќе барам сите функционери да го следат мојот модел на работа

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите

Предраг Петровиќ

Филипче: Секретар за односи со општинските организации – ново тело за подобра внатрепартиска комуникација

Филипче: Во новите тела на СДСМ ќе ги обединам сите компетентни и искусни кадри

СДСМ: ДПМНЕ го излажа народот, Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат ама молчеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори