Филипче: Истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно

Од:

СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но сметаме дека процесот се води селективно, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

Филипче истакна дека СДСМ во следниот период ќе следи како се одвива истрагата и ќе реагира доколку продолжи со истата тенденција на селективност.

-Најодговорните во МВР коишто имале ингеренции и на денот на случување на трагедијата и на самото место, не преземале одредени дејства кои требало и можело да ги преземат. Вчера на Извршниот одбор на СДСМ донесовме заклучок дека ќе ја следиме истрагата, ќе го пратиме процесот како се води, и доколку оваа тенденција продолжи ќе побараме и Анкетна комисија и сите други механизми кои што ќе бидат на располагање, рече Филипче.

Истакна дека во оваа во оваа фаза кога истрагата се уште не е завршена, СДСМ укажува на одредени работи за кои што смета дека е водење на селективна правда и дека таа верига на настани како што ја нарекува Владата, не може да се запре само со поранешните функционери.

Филипче посочи дека токму механизмите како анкетната комисија може да бидат инструмент што ќе даде резултат во водењето на транспарентна и професионална истрага.

-Истрагата се уште трае и можеби нешто во следниот временски период ќе има некаква интервенција во насока на тоа што ние заедно со правници го констатираме, дека треба да бидат пфатени и други лица со истрагата, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со независен кандидат за градоначалник на Кочани, Филипче појасни дека тоа е нешто за што треба да се разговара, но дека во ниту еден момент од трагедијата во Кочани не треба политички да се профитира и затоа предлогот е во таа насока.

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

Филипче: Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат

Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он