Филипче: Доколку се придржуваме до мерките бројот на заболени ќе се намалува

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.

-Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.

Според него, единствена дополнителна мерка која може да дојде предвид во даден момент е рестрикцијата во движење. Но, воведењето дополнителна мерка ќе зависи од окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети.

-Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски