Филе: Слободата на медиумите клучна за преговори за ЕУ

Од:

„За да видите колку демократија има во една земја, треба само да ги погледнете медиумите во земјата“, ова го порача еврокомесарот Штефан Филе на конференцијата за слобода на медиумите на Балканот, која се одржува во Брисел.

Според еврокомесарот, резултатите во слободата на медиумите е во фокус на преговорите за членство во ЕУ, заедно со владеењето на правото и основните слободи.

„Властите мора да ги зајакнат напорите да се истражат новите и поранешните случаи на насилство врз новинарите“, беше јасен стави Филе.

dunja-mijatovic
Јавните радиодифузери, според Филе, мора да бидат политички и финансиски независни.

Специјалниот претставник на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ оцени дека слободата на медиумите уназадува и ваквата состојба треба итно да се смени, а се што треба е политичка волја.

„Македонската влада предложи нацрт закон за медиуми кој дополнително може да ја ограничи слободата на изразувањето“, рече Мијатовиќ.

Од друга страна вицепремиерот Фатмир Бесими, посочи дека Владата се залага за почитување на сите стандарди, но оти предизвици уште има.

Вети дека Владата до Европската комисија ќе достави детален извештај за владиното рекламирање.

besimiТамара Чаусидис, претседател на ССНМ, укажа дека критичките медиуми и новинари во Македонија се предмет на говор на омраза и дискредитации од високи владини претставници и политичките партии.

Чаусидис ја критикуваше и Европската комисија дека во оцените за Македонија, слободата на медиумите ја става во залог на решавањето на проблемот со името, па понекогаш подзамижува на реалните состојби во име на „повисоката цел“.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ