А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Филе: Политичките лидери да го стават интересот на Македонија на прво место, оти е загрозена европската иднина

by А1он15/02/2013 - 13:5415/02/2013 - 15:15140
Share0

Фрустриран сум од недостатокот на напредок во ставањето крај на политичкиот застој во БЈР Македонија. Императив на политичките лидери во Скопје да биде превземање на одговорност и наоѓање решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции со ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место. Ова е острата реакција што денеска ја испрати комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, а која на прес-конференција во зградата на Европската комисија ја прочита неговиот портпарол Петер Стано, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Оваа порака на Филе, според неговиот гласноговорник, доаѓа по многу денови повторување на ставот во однос на заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет. Но, сега, според Стано, еврокомесарот кој во рамки на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) сакал да го посети Скопје следната недела, со цел и да ги оцени реформите поврзани со Унијата и подоготовката на пролетниот извештај  на Комисијата, истото го одложува на неодредено време. Портпаролот вели дека во светло на сегашните политички случувања во СКопје, комесарот не размислува да ја оствари посетата во догледно време оти би било несоодветно во ваква ситуација да дискутира за темите во рамки на ХЛАД-от.

– Досега, во јавни изјави и посети на високи официјални лица од ЕУ, но и лични посети на Филе, каде тој понуди да го олесни процесот за да се најде решение, сите изразија загриженост во врска со настаните од 24 декември и начинот како тие се решаваа. Филе е фрустриран од недостатокот на прогрес во ставањето крај на политичкиот застој.

– Иако претходните рунди на Пристапниот дијалог и декемвриските заклучоци на Советот креираа можност за придвижување напред во ЕУ-реформите и можност за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија, сегашна ситуација за несреќа ја става оваа можност во голем ризик, потенцира портпаролот Стано. Додаде дека Филе порачува оти „сега императив за политичките лидери во Скопје е да превземат одговорност и да најдат решение демонстрирајќи зрелост на демократските институции во земјата и ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место“.

Во однос на денешната прес-конференција на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски и неговото барање за одложување на локалните избори со цел неговата партија да се подготви и да учествува на нив и дали Европската комисија има став по ова конкретно барање, портпаролот на Филе со одговор:

– Ние ја следиме ситуацијата и развојот на политичката ситуација во земјата многу одблиску. Кога го велам ова, не мислам само на Комисијата, туку и на земјите-членки на ЕУ и нашите партнери. Во врска со ова прашање, само ќе го повторам последниот параграф од пораката на комесарот Филе дека императив за политичките лидери е да најдат решение, демонстрирајќи созреаност на демократските институции и ставање на интересот на земјата и на граѓаните на прво место, дециден е Стано.

Гласноговорникот на Комисијата на крајот посочи дека Филе не ја откажува, ниту одложува посета на Македонија, туку само се откажал од оригиналната намера да дојде во Скопје идната недела. Според Стано, еврокомесарот за проширување на Унијата веќе нема на својата агенда посета на нашата земја, иако претстои Четврта рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво.

eu

Би можело да ве интересира

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:06

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Горан Наумовски19/12/2025 - 11:37

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:20

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори

Горан Наумовски19/12/2025 - 07:06

ЕУ конечно постигна договор за Украина – сепак Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот

Горан Наумовски19/12/2025 - 06:5219/12/2025 - 06:53

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен