А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Филе ја спасува Владата

by А1он12/09/2012 - 16:52152
Share0

ДУИ најверојатно нема да ја напушти Владата, за да се донесат законите од евроагендата и за да не се блокира пристапниот дијалог со Европската унија.

Добивај вести на вибер

Ова го пренесува „Плусинфо“, и според порталот ВМРО-ДПМНЕ бара начин да го одложи донесувањето на законот за бранителите, но од ДУИ се очекува да возврати со симнувањето на таблите со албански имиња на четирите училишта во Чаир. Партијата на Ахмети тешко ќе се согласи на тој услов, но би можела да го жртвува градоначалникот Изет Меџити, кој би најавил дека веќе нема да се кандидира.

Плусинфо пишува, според нивните информации дека акцијата за спасување на Владата ја води Штефан Филе, еврокомесарот за проширување. На ова упатувале и денешните средби на Ахмети со двајца европски дипломати – Гарф Ламбсдорф од германското министерство за надворешни работи, и амбасадорот на Евроспката унија во земјава, Аиво Орав.

Изворите на Плусинфо проценуваат дека на Груевски, сепак, нема да му биде лесно да го повлече законот за бранителите и дека по секоја цена ќе настојува на брзи предвремени избори. Поголем дел од раководството на ДУИ исто така е против ваквиот компромис, сака да падне владата, но не и итни избори.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен