Филе ја одложи посетата на Македонија поради „политичкиот ќорсокак“

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја одложи посетата на Македонија најавена за наредната недела поради, како што посочува, „актуелниoт политички ќорсокак во земјата“.

– Во контекст на дијалогот на високо ниво планирав да го посетам Скопје следната недела за да го разгледаме прогресот на реформите во врска со интеграцијата во ЕУ. Оваа четврта рудна од дијалогот на високо ниво, исто така, требаше да биде дел од подготовките на Европската комисија за претсојниот извештај на ЕК, како што беше побарано од декемврискиот состанок на Советот за општи работи на ЕУ. Но, во светло на сегашниот политички ќорсокак, сметам дека мојата посета за разговори на овие прашања би била несоодветна во ова време, наведува Филе во пишаната изјава до медиумите.

Истакнува дека преку јавните соопштенија и изјави, неговата и посетите на високи официјални претставници кои понудија да бидат олеснувачи во процесот на изнаоѓање решение, ЕУ и нејзините партнери искажаа загриженост во врска со случувањата од 24 декември и нивното расчистување.

– Јас сум фрустриран од недостигот на прогрес за ставање крај на политичкиот ќорсокак. Претходните рунди од Дијалогот на високо ниво и декемвриските заклучоци на Советот создадоa можност за натамошен напредок на реформите поврзани со евроинтеграцијата и за отворање на пристапните преговори. Сегашната ситиуација ја става во ризик таквата можност, наведува Филе.

Порачува дека сега императив на полиичките лидери во Скопје е да преземат одговорност и да најдат решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции и ставајќи ги на прво место интересите на државата и нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа