Фемили Аеродром до Коневски: Достоинството не може да се купи

Од:

„Виктор Јосифовски-ХАРД е младо момче, чиј живот згасна, кога требаше да почне. Неговите раце создаваа магија, секогаш посветена на нешто што многу му значеше – Аеродром, МЗТ и фамилијата.

Уметнички порив на една нова генерација – графитите. Тоа не беа пароли кои повикуваа на насилство, на омраза, на политичка поделба. Тоа беа изрази на припадност кон една суб култура, начин на живот,идентификација со спортски клуб, изрази на младост, талент, обележје на една населба.

Вистинските аеродромци го чуваа како светост, ама Ивица ти тоа не си!

За Вас Вмр(овците) светост повеќе нема ништо!

Акое за аир, последно нека ти е од позиција на сила,

Искрено Ти посакува асимилирана аеродромка“, напиша на својот ФБ профил, новинарката Христена Антовска Јованчева.

Таа, како и други жители на Аеродром, но особено навивачката група Фемили Аеродром, се револтирани од потегот на градоначалникот на општина Аеродрот, Ивица Конесвки, кој ги избриша графитите на навивачката група на МЗТ, а меѓу нив и графитот на Виктор Јосифовски-ХАРД .

Тие порачаа дека достоинството не може да се купи

grafitFamily1

Навистина ни е жал што мораме да соопштиме уште една болна новост, а тоа е дека и графитот кој остана во аманет од нашиот другар Виктор Јосифовски-ХАРД е прекречен во вчерашната “акција”. Како да не е доволно тоа што и се штети на групата, како да не беа доволни сите бесмислици кои секојдневно ни се сервираат, туку мораше да се удри онаму каде што не може да се врати.

За оние кои имаат заборавено и за оние кои не знаат, делото на Хард беше направено на училиштето каде што тој помина дел од своето детство и тука остана како еден вид на симбол на целата населба, неврзано со неговото учество во нашата група. Трагично е дека сè она шо се години се градеше, сè она што генерации го имаат оставано зад себе, сè она што на еден начин ВРЕДИ од ден во ден се уништува и тоа само заради болната психа на една глава. Колку и да не сакаме името на Хард да го поврзуваме со било што лошо, камо ли за нешто од ваков тип и карактер, сепак мора да се констатира дека работите одат во непосакуван правец и веќе не се бираат начини на кои ќе и за наштети на групата и нејзините поединци.

Делата зборуваат за тоа колку човек е голем. Хард беше најголем и ни ги остави неговите дела да сведочат за него и да нè потсетуваат за убавите моменти поминати заедно. Сега, денес … некој се дрзнува сето тоа да го наруши и да внесе немир меѓу нас. Нека им е на чест, како на нарачателите така и на извршителите. Ние ќе продолжиме да правиме нешто од ништо, да креираме, да создаваме и правиме добри работи за нас и нашата околина и на тој начин да го задржиме угледот и честа кои ги имаме стекнато. Сепак достоинството не може да се купи!

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски