ФЕИТ ќе соработува со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ при УКИМ потпиша меморандум за соработка со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград во областа на образовните и научно-истражувачките активности преку работа на заеднички проекти, размена на академски кадар и на студенти, размена на искуства во иновативни методи на предавање, организирање заеднички симпозиуми, работилници и конференции.

– Со овој чин ја потврдуваме нашата соработка со Одделот за радиациона хемија и физика во Винча, во чиј состав се наоѓа и постројката за индустриска стерилизација, преку заеднички истражувања во дозиметријата, испитување храна и додатоци на храната третирани со јонизирачко зрачење, изјави Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ.

Од Институтот за нуклерни науки „Винча“ велат дека повеќе од 40 години работат на стерилизација на медицински садови и конзервација на храна со јонизирачко зрачење.

– Со ФЕИТ сакаме да ја продлабочиме, но и да ја официјализираме, досегашната соработка за прашања поврзани со радициона стерилизација и конзервација на храната, како и детекција на храна која била третирана со јонизирачко зрачање. Двете држави имаат обврска, а тоа го бара и ЕУ, да ја проверуваат храната дали е третирана и доколку е, тогаш тоа мора прописно да биде означено на пакувањето, иастакна проф. д-р Мирослав Драмиќанин од Институтот „Винча“.

Меморандумот ќе овозможи продлабочување на долгогодишната соработка помеѓу двете институции, посебно во истражување и карактеризација на нови материјали, материјали третирани со јонизирачко зрачење и нивна примена во индустријата, како и стеризација на медицински материјал, козметички препарати и додатоци во исхраната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

Божиновска на средба со студенти од ФЕИТ по повод Денот на чистата енергија

А1он

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати