А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фазлиу: Се уште не можеме да бидеме целосно задоволни од функционалноста на општините

by А1он12/06/2019 - 16:55266
Share0

Унапредувањето на децентрализацијата е една од клучните определби на Владата. Посветено се работи на овој план, но се уште не можеме да бидеме целосно задоволни од функционалноста на општините. Има потреба од натамошно развивање на капацитетите и ресурсите, за да можат општините да преземат нови надлежности, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на денешната средба со резидентната координаторка на ОН во земјава, Росана Дудзиак.

Добивај вести на вибер

На средбата, министерот Фазлиу ја истакана долгогодишната поддршка и соработка што Министерството ја има со УНДП, особено во спроведувањето на процесот на децентрализација.

Дудзиак покажа посебен интерес за приоритетите на Министерството во водењето на процесот на децентрализација, за капацитетите и ресурсите на општините и за нивните развојни можности.

Во разговорот беше нагласено дека соработката на Министерството за локална самоуправа со УНДП ќе продолжи во реализацијата на приоритетите за подобрување на функционалноста на општините преку зајакнување на нивните административни капацитети, преку обезбедување поправеден начин на финансирање, зајакнување на капацитетите за економски и социјален развој, развојот на локалната демократија и зголемување на транспарентноста и инклузивноста, како и во создавањето услови за родово одговорно буџетирање и полесен пристап до услугите за лицата со попреченост.

makedonija

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 16:37

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен