Фатиме Фетаи ќе се бори со двајца мажи за шефовската фотелја во скопското Вишо обвинителство

Од:

Тројца обвинители се борат за шефовската фотеља во Вишото обвинителство-Скопје. Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми се првите двајца кои поднеле кандидатура, додека третиот е Мустафа Хајрулахи, актуелен шеф на оваа институција, кој практично бара нов мандат. Сите ги доставиле потребните документи и биографии до Советот на јавни обвинители, потврдува за „А1он“ претседателот Антонио Јолески. Огласот е затворен, а апликациите се разгледуваат, по што со гласање на јавна седница ќе се избере нов шеф на ова обвинителство.

Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи конкурираат за шефовската позиција по една година откако беа избрани за обвинители во скопското Вишо обвинителство. Мустафа Хајрулахи беше избран за шеф во 2018 година.

Фатиме Фетаи има стаж како обвинителка од 8 години и 8 месеци. Првпат била избрана во 2011 за обвинителка во ОЈО Скопје, а по основањето на СЈО, стана дел од тимот на Катица Јанева, каде што остана до септември 2019 година. По ова се врати во матичното скопско обвинителство. Фетаи стана позната на јавноста кога премина во СЈО, каде што на прес-конференции ги презентираше отворените истраги, а меѓу предметите во кои таа го застапуваше обвиненијата беа „Тенк“, каде што за набавката на луксузниот мерцедес се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, „Титаник 2“, каде што се обвинети Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК за локалните избори во Струмица во 2013, „Титаник 3“ против бивши функционери од ДУИ, а беше и една од обвинителите кои го застапуваа обвинението во повторното судење за „Монструм“.

Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, во кое основно обвинителство работел од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а го застапуваше предметот „Топлик“ каде штета се сметаше дека е плаќање затезна камата без која ќе немаше предмет, но и каде се досудени две затворски казни од три и пол и три години за ексминистерот Миле Јанакиески и за Томе Ѓурчилов, поранешен претседател на Комисијата за јавни наддавања и четири условни казни. Рустеми беше обвинуван дека заедно со Драги Рашковски принудувал вработена во Министерството за транспорт и врски, да ре-изработи документ каде ќе наведе дека имало штета во предметот.

Освен овој, Рустеми го застапуваше и предметот „ТНТ“ каде Груевски беше осуден на девет години затвор, Јанакиески на три години затвор, а Тони Трајкоски на четири години затвор. Од познатите предмети што ги водеше Рустеми е финансиската истрага за „Поштенска банка“ кој е во фаза на судење. Тој сега е виш обвинител во Скопје. За него, во „ТНТ“ и „Топлик“ во низа пати се бараше изземање со тврдење дека против него се води кривична постапка.

Мустафа Хајрулахи со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. Конкуренција му биле 10 обвинители меѓу кои и обвинители со поголемо искуство. Но тој во 2018 година беше избран за шеф.

Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држеше предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација. Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност.

Засега, не е закажан избор на шеф за ова обвинителство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра