Фатено лицето кое што ограби две аптеки во Скопје

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје гo предаде лицето С.Х. (40) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела – “разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.330 денари. Кривичните дела С.Х. ги извршил во текот на минатата недела, во вечерните часови во аптеки, и тоа едно на подрачје на Аеродром и едно на подрачје на Ѓорче Петров. Притоа, пријавениот во двата случаи, разбојништвата ги извршил на тој начин што откако ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, влегувал во аптеките со пиштол во рака и со закана по животот кон вработените од регистер касите одземал пари и други производи од сталажите, по што го напуштал местото на настанот.

По превземени оперативни активности, завчера врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1 извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот С.Х.. Исто така, извршен е и предглед на видео материјалот од безбедносните камери на двете аптеки. Покрај ова, истиот ден во просториите на ПСОН Карпош извршено е препознавање од страна на вработените кои со сигурност го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски