Фатени крадци во Свети Николе, ограбиле продавница

Од:

На 14.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, лишени од слобода се А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.

Имено, на 14.01.2022 тие одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица. По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар