Фатени дрвокрадци во тетовско Добарце

Од:

Два трактори „ИМТ“ и „Фергусон“ со кои С.А.(39) и Ф.Џ.(27) од тетовското село Добарце превезувале над 1,5 метри кубни нелегално исечени огревни дрва биле откриени вчера попладне околу 17 часот во атарот на ова тетовско село, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, тракторите биле затекнати во месноста „Ледина“ кај селото и бидејќи за исечените дрва што ги превезувале С.А. и Ф.Џ. не поседувале никакви документи, по нивното фотодокументирање дрвата биле одземени заедно со тракторите и две моторни пили кои биле предадени на Шумска полиција. Возачите и сопственици на тракторите биле приведени во Полициското одделение Групчин и по извршените разговори со нив биле пуштени.

Јосифовски најави дека по целосното расветлување на сите поединости сите вклучени во оваа нелегална сеча на огревно дрво ќе се соочат со соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски