Синоќа во 20.45 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ф.К.(34) од Скопје.
– Околу 20.15 часот во аптека на бул „Јане Сандански“ со закана од вработената одзел пари. Кај него биле пронајдени нож и парите, кои му биле одземени и вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.