А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фатен крадецот на ореви од куќи во Неготино

by А1он21/10/2015 - 11:1185
Share0

Полицијата во Неготино вчера уапси осомничен за кражба на 165 килограми ореви од три приватни куќи во градот.
– На 19.октомври 2015 година по претходно обезбедена наредба од надлежен судија извршен е претрес во дом на жител на Неготино, при што пронајдени се поголема количина ореви како и други предмети кои потекнуваат од претходно извршени кривични дела, потврди за МИА Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Предметите со потврда се одземени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно расветлување на повеќе кривични дела, како и утврдување на евентуална инволвираност на друго лице при извршување на кривичните дела. По целосно документирање ќе следи и соодветен поднесок до надлежна институција, рече Стојковска.
За потсетување, на почетокот на месецот во Неготино беа украдени 165 килограми ореви.
– На 12. октомври годинава во полициската станица Неготино пријавени се три случаи кражби на ореви од тераси од куќи лоцирани на улица „Душко Делов” во Неготино. Во првиот случај, оштетениот граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 80 килограми ореви, во вториот случај оштетениот пријавил дека од терасата од куќата му се одземени три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви и третиот оштетен граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 55 килограми ореви, соопшти тогаш Стојковска.

Следете a1on на Instagram Instagram
mvr

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео