Фатен крадец при обид за кражба во центарот на Скопје

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на булеварот „11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода 55-годишниот С.И. од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он