ФАО: Координацијата клучна за справување со африканската свинска чума на Балканот

Од:

Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се дел од денешниот интернет состанок што го организира ФАО во врска со африканската свинска чума.

Според ФАО, координацијата е клучна за справување со африканската свинска чума на Балканот.

-Ова е втор состанок од ваков вид, каде се среќаваат ветеринарните служби од Балканот за презентирање на иницијативите на ФАО и добивање повратни информации за идната координација и активностите поврзани со африканската свинска чума. Ваквите состаноци се очекува да продолжат и во иднина, на секои три месеци, наведува ФАО.

Како што вели Даниел Белтран-Алкрудо, ФАО специјалист за здравје на животните, особено е важно да се остане во контакт со земјите-членки и партнери во овие тешки времиња.

Фокусот на состанокот ќе биде дивата свиња, ловот и ловната биосигурност, а учесници се и национални контакт лица од земјите кориснички (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и и Србија), претставници на релевантни меѓународни чинители, вклучително Европската комисија, Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) и претставници од соседните земји.

ФАО ќе ги претстави тековните и планираните активности во врска со истражувања на ловишта со посебен фокус на нивната биосигурност, пријавување на мртви диви свињи преку апликацијата iMammalia и обука за ловџии на тема Африканска свинска чума.

-Начинот на кој работиме е значително погоден поради КОВИД-19, но секоја криза исто така претставува можност за иновации во нашата работа, вели Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравјето на животните.

Африканската свинска чума неодамна беше откриена кај диви свињи во Германија, а годишните сезони на лов низ целиот регион ќе почнат за неколку месеци. Против ова смртоноснo, вирусно, прекугранично заболување кај домашните и дивите свињи, нема вакцина.

Би можело да ве интересира

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, во опасност се 741 грло

Ана Ололовска

Отворен повик за апликации од потенцијални субјекти со директен пристап до Зелениот климатски фонд

Ана Ололовска

Македонски претставници на 32. сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа

Ана Ололовска

Заедничка апликација на ФАО и MammalNet помага во откривање на Африканска свинска чума кај дивите свињи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Царовска на онлајн-работилница за отпочнување на вториот Проект поддржан од Зелениот климатски фонд

Ана Ололовска

СЗО и ФАО: Вработените во прехранбената индустрија да користат заштитна опрема

Ана Ололовска