Фактор.мк: Со нов анекс за „Бетон“, „Филип втори“ стаса до 67 милиони евра

Од:

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор потпиша уште еден анекс на основниот договор со градежната компанија „Бетон“ за доградба на стадионот „Филип Втори“, пренесува порталот ФАКТОР.МК.

На компанијата ќе и бидат исплатени дополнителни 900.000 евра за изведба на градежни и занатски работи на трибините, за систем за наводнување на тревата и за борилиштата и за дренажа, како и за набавка на машини за одржување на тревната површина.

Споре порталот, ова годинава е втор анекс. Во јуни на „Бетон“ со непосредна спогодба и беа доделени и 1,5 милиони евра за изведба на атлетските патеки и останатите борилишта, согласно критериумите на светската атлетска федерација.

Со овие два анкеси и претходните два, што беа потпишани лани, изградбата на источната и западната трибина и реновирањето на терените, досега чинат 67 милиони евра.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски