Фајон утре во официјална посета на С. Македонија

Од:

Утре, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ѝ биде домаќин на заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што информираат од МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ

– Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери, како и со заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, известува МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија