А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фајон: Насилство кое не смее да се толерира и жртви на политички апетити во Македонија

by А1он10/05/2015 - 13:18101
Share0

Жалам за изгубените животи и повредените лица, и длабоко сум загрижена поради напнатата политичка состојба, каде владејачката партија и опозицијата не можат да говорот на јазикот на разбирањето и соработката, порача словенечката европратеничка Тања Фајон, пренесе Макфакс.

Добивај вести на вибер

Словенечките социјалдемократи со внимание ги следат случувањата во Македонија во последните неколку месеци, а последните инциденти и насилството кое во саботата започна во Куманово, град кој има традиција на етнички конфликти, продолжува и денес. Социјалдемократите се загрижени и ги повикуваат сите страни да се воздржат од насилство, порачува Фајон.

„Минатонеделните протести покажаа колку македонските граѓани се незадоволни, но сето она што сега се случува во кумановскиот регион е алармирачко. Важно е да се сопре насилството, да се спречи понатамошна ескалација на конфликтите и да останеме смирени и ладнокрвни. Ги повикувам и политичарите и цивилите да сорабуваат и да се воздржат од провокации и тензични состојба. Она што сега и треба на Македонија е повисоко ниво на политичка култура, искрен дијалог, повеќе толеранција и пред се чувствителност за сопствените граѓани. Политичките игри и интересите на политичките лидери не треба да ги надминуваат тие на нивните граѓани. Македонските граѓани не треба да станат жртви на политичките апетити“, изјави словенечката европратеничка.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Горан Наумовски12/08/2025 - 14:27

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

Горан Наумовски05/08/2025 - 15:18

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски04/08/2025 - 13:4204/08/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски04/08/2025 - 11:5604/08/2025 - 12:10

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Горан Наумовски27/07/2025 - 18:31

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен