Facebook chat со Јани Макрадули

Од:

Кандидатот за градоначалникот на Скопје од Сојузот за иднината, Јани Макрадули, денеска, со почеток од 23 часот директно ќе разговара со граѓаните преку Facebook.

Директниот Facebook chat ќе трае до почетокот на предизборниот молк, а ќе се одвива на официјалната страна за поддршка на Јани Макрадули на Facebook, која е достапна на следниот линк: https://www.facebook.com/janizaskopje

Ваквиот тип на комуникација има за цел вклучување на што поголем број на граѓани кои ќе остварат директна комуникација и ќе водат дебата со кандидатот за градоначалник.

Јани Макрадули е еден од првите политичари кој отвори свој личен блог, како и личен профил на социјалната мрежа Facebook преку кој во континуитет директно разговара со граѓаните и разменува мислења.

Ваквиот тип на комуникација, кој веќе неколку години е одлика за СДСМ, ќе биде еден од приоритетите во работата на новата градска власт – секогаш лице во лице со граѓаните, но и во директна комуникација со нив преку социјалните медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија