А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФАЦ: Можно е преименување на аеродромот во Скопје по изборите

by А1он20/09/2017 - 15:21113
Share0

Можно е македонската влада по локалните избори да се одлучи да го преименува аеродромот во Скопје со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во анализата „Не под ова име“, посветена на спорот за името со Грција.

Добивај вести на вибер

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ наведува дека името на државата и не е најголемиот проблем, туку барањето на Атина да се сменат и името на народот и на јазикот и заклчува дека „тоа не беше прифатлива тема за преговори за Груевски, исто како што не е и за Димитров“, актуелниот министер за надворешни работи, пренесува „Дојче Веле“.

– Ние Македонците не сме се разбудиле едно утро и сме одлучиле да бидеме тоа што сме. Ние сме Македонци како резултат на еден историски процес, околу кој не може да се преговара. Патем, ние не бараме ексклузивитет за нас, да бидеме Македонци. Јас се чувствувам како Македонец, но немам ништо против, кога и некој Грк во Солун се чувствува како Македонец, без разлика дали во регионална или културна смисла, вели Димитров во изјавата за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Димитров за германскиот весник, ветува дека политиката на „антиквизација“ на претходната влада во земјата нема да продолжи и дека „не ни требаат стотици споменици за да се чувствуваме како горди Македонци“.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пак, пишува дека министерот одбива да каже дали новата влада е подготвена да ги преименува објектите, како автопатот или аеродромот во Скопје, кои Атина ги смета за провокативни.

– Македонија извлече поуки од грешките кои се случуваа во изминатиот период, го цитира ФАЦ натаму шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

„Тоа (владеењето на Груевски, н.з.) не е оправдување за тоа што во Скопје го загубивме компасот. Претходната влада се оддалечи од Европа и на сите им олесни да го блокираат напредокот на Македонија“, вели Димитров.

Но, дополнува тој, Македонија научи од своите грешки, а се надева дека и „Европа научила нешто од своите грешки“.

mnr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:4305/07/2025 - 17:16

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски04/07/2025 - 18:2704/07/2025 - 18:31

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ15/06/2025 - 15:2615/06/2025 - 15:31

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски13/06/2025 - 09:4513/06/2025 - 11:34

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски17/03/2025 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен