„Евзони“ денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци

Од:

Граничниот премин „Евзони“ денеска повторно ќе биде затворен за сите видови на возила поради штрајкот на грчките земјоделци.

Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.

Во овој период нема да биде можен ниту влез, ниту излез кон Грција преку овој премин.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување во наведените интервали и да користат алтернативни гранични премини.

На граничниот премин Дојран“ времето на чекање за излез од земјава е 30 минути, а на Табановце“ 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот