Европски Сојуз за промени: Дали Љупчо Палевски е вмешан во организацијата на случајот „Монструм“?!

Од:

Неодамнешните трагични случувања со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец, отвораат дополнителни сомнежи за делата што главниот осомничен за организацијата на делото, Љупчо Палевски, познат по прекарот Палчо, беше вклучен и во другите монтирани случаи, изјавија денеска од Европскиот сојуз за промени.

– Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот „Монструм“ каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња. И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството.

Затоа, Европскиот Сојуз за Промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски – Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај “Монструм”? Од друга страна, бараме од Министерството за правда и МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче – нагласија од сојузот.

Би можело да ве интересира

Кандидатот на Европски сојуз за промени го помина комисискиот филтер за члeн на ДИК

Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

Во трка за член на ДИК останува само кандидатот на здружената албанска опозиција

Катерина Ѓуровски

ЕСП: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски