Европски сојуз за промена: Како помина вечерата на Бујар Османи со Груевски!?

Од:

ДУИ се уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје „без трн во ногата“, бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, им значи многу. Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера, велат од Европски сојуз за промена.

– Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ. Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 6.9.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното“ враќање на Груевски, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кандидатот на Европски сојуз за промени го помина комисискиот филтер за члeн на ДИК

Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

Во трка за член на ДИК останува само кандидатот на здружената албанска опозиција

Катерина Ѓуровски

ЕСП: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски