Европски сојуз за промена: Без член на албанската опозиција во ДИК, не може да има фер, слободни и демократски избори

Од:

Ардиан Демири од Европски сојуз за промена на денешната прес-конференција истакна дека Конкурсот за избор на член на Државната изборна комисија веќе е затворен и претседателот на Собранието Талат Џафери бил информиран дека кандидат на Европскиот сојуз за промена е Абдуш Демири. Тој потенцира дека со службен допис е известен првиот човек на Собранието и бараат што поскоро да постапи согласно Уставот и соодветните закони во кои јасно стои дека опозицијата мора да има свој претставник во Државната изборна комисија.

Секое друго дејствие, како што посочи Демири, би било јасен показател дека власта, чиј дел е и претседателот на Собранието, се подготвува да следните избори бидат манипулирани, недемократски и без претставник на албанската опозиција, следствено да е неуреден и недемократски процес.

-Тоа е во целосна спротивност со европските вредности и стандарди, што негативно ќе се одрази и на евроинтеграцискиот процес на земјата. Првите индиции за манипулациј на изборите веќе се дадени од министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да влијае на намалување на бројот на набљудувачи на оваа многу важна меѓународна институција која ги надгледува и оценува изборните процеси, рече тој.

Демири нагласи дека „доколку власта се обиде ДИК за го задржат под контрола и без претставник на албанската опозиција, во случајов од Европскиот сојуз за промена, тогаш на нивните средби со релевантни меѓународни и локални фактори, што ги почнуват од денес, со евро-амбасадорот Дејвид Гир, ќе ги информираат и алармираат сите меѓународни институции, амбасадите на пријателските земји како САД, ЕУ но и другите европски земји за ова тенденција“.

Демири изрази надеж дека ќе надвладее рационалноста и ќе се почитува Уставот.

На новинарско прашање доколку Алијансата за Албанците решат да заминат во опозиција дали би било прифатлив за Европски сојуз за промена кандидат од оваа партија за нов член на ДИК, Демири нагласи дека рано е да се прејудицира отсега што би се случило.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

Од собраниската прес-служба денеска информираа за текот на процедурата низ која треба да помине новиот член на ДИК. Оттаму потенцираа дека најпрвин на седница комисија треба да се утврди листата на пријавени кандидати, која потоа се доставува до претседателот на Собранието. Потоа, како што соопштуваат, претседателот на Собранието ја доставува до политичката партија. Откако партијата ќр достави предлог, тогаш претседателот до доставува до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Комисијата го утврдува како предлог, а Собранието го бира со двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

Европски сојуз за промени: На 9 мај ќе се слави победата против овој корумпиран, антиевропски и антиграѓански режим

Европски сојуз за промени со декларација за заеднички настап на изборите

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Ги почитуваме правoто на секоја вера, но сме против провокации со верски симболи

Горан Наумовски