Европски сојуз за промени: На 9 мај ќе се слави победата против овој корумпиран, антиевропски и антиграѓански режим

Од:

Иако без наше присуство, денес падна договор за датумот на следните парламентарни избори. За информација на јавноста, нашиот предлог беше тие да се одржат во вториот круг од претседателските избори, на 28 април, а сепак е одлучено тие да се одржат во вториот круг од претседателските избори, на 8 мај 2024 година. Всушност, овој датум и не претставува голем проблем за нас, но од исклучителна важност е сега да се комплетира составот на Државната изборна комисија, на што ќе инсистираме и нема да се откажеме по ниту една цена, велат од Европски сојуз за промени.

– Во оваа прилика, Европскиот сојуз за промени сака да нагласи дека распишувањето на изборите впрочем значи прифаќање на пораз на оваа антиграѓанска власт. Тие конечно се предадоа и го прифатија крајот. По овие избори, односно на 9 мај 2024 година, нема да се слави само Денот на Европа и победата против фашизмот, туку овој ден ќе биде и прослава на победата против овој корумпиран, антиевропски и антиграѓански режим. Во духот на оваа одлука, ги повикуваме граѓаните да бидат спокојни, но и мобилизирани, бидејќи како што го испративме Никола Груевски во политичка пензија и егзил во 2016 година, доаѓа времето да го пензионираме и вториот дел од овој режим – Демократската унија за интеграција, која веќе стана позната како сопственик на казината и игрите на среќа, што сепак, нема да им донесат среќа на овие избори, туку само несреќа. Пред нас е голема победа – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Европски сојуз за промени со декларација за заеднички настап на изборите

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Без член на албанската опозиција во ДИК, не може да има фер, слободни и демократски избори

Европски сојуз за промена: Ги почитуваме правoто на секоја вера, но сме против провокации со верски симболи

Горан Наумовски