„Ја одразува горчливата реалност на изминатата година од владеење: една година без еднаквост, без правична застапеност и без институционална почит кон Албанците и темелните вредности на соживотот во оваа држава, за кои како општество и како мултиетничка држава сме се обврзале да ги заштитиме. Денес сме собрани да го подигнеме гласот за едно особено и исклучително важно прашање: институционалната репресија што се случува во областа на безбедноста и одбраната – во срцето на институциите кои имаат задача да го гарантираат редот, правдата и еднаквоста за сите граѓани, без исклучок“ рече денеска на прес-конференција на Рина Ајдари, пратеничка од Европскиот фронт.
Според неа, „постои едно поле каде што неправдата не смее да се толерира. Постои едно место каде што еднаквоста мора да биде темел на секое дејствување. Тоа место е безбедноста на државата. Но, за жал, она што се случува денес е токму спротивното“.
„Во Министерството за внатрешни работи, заменик-министерот Албанец е игнориран, маргинализиран, како да не постои. Во случајот со Кочани – ниту се појави. Заменик-директорот Албанец на Бирото за јавна безбедност поднесе оставка поради систематско игнорирање. Помошниците-министри Албанци се заменети со кадри од ВМРО. Полициски службеник кој го понижи албанското знаме не беше санкциониран – туку беше унапреден. Скандалот што ја засрами државата се случи на скопскиот аеродром, каде што кон претседателката на Косово, г-ѓа Вјоса Османи, беа прекршени сите меѓународни и домашни протоколи за безбедност. Во Претседателството на државата, нема ниту еден советник Албанец за безбедносни прашања. Единствениот Албанец во Советот за безбедност е фигура што јавно ја обвини ОНА за наводни злосторства. Во Агенцијата за разузнавање – директорот и заменик-директорот се Македонци. Нема ниту еден специјален советник Албанец“ рече Ајдари.
Вели дека „во Армијата на Републиката, генералот Бесник Емини – најквалификуваниот за Началник на Генералштабот – се игнорира. Друг беше унапреден за две чинови преку ноќ и именуван од претседателката. Генералот Емини? Деградиран и преместен во администрација. Во Министерството за одбрана, воениот разузнавачки сектор што беше раководен од албански професионалец, премина под раководство на македонски кадар. Денес, ниту еден од тројцата заменик-директори не е Албанец. Нема ниту еден помошник-министер Албанец. Од 134 нови вработувања – 120 Македонци, само 14 Албанци“.